ПРОЕКТ

,,Децата и младите од Балканот обединето чекорат во Европа,,

(Балканската врата чудесија за Европа)

БАЛКАНСКИ ДЕТСКИ И МЛАДИНСКИ ПАРЛАМЕНТ

 

Име на институцијата - организацијата: Детски парламент на Македонија

Правен статус: Здружение на граѓани

Матичен број на институцијата - организацијата: 5211891 ДПМ

Регистерски број: 115

Адреса:бул. Кочо Рацин бр. 14/6-20 1000 Скопје, РМ

Телефон: ++ 389 (0)2 3163 749

Факс: ++ 389 (0)2 3126 035

Мобилен: ++ 389 (0)70 599120

Електронска пошта: sk_simka@yahoo.com (контакт со претседателот на ИО)
                                                 
dpm@mt.net.mk
                                                 
detskiparlamentnamakedonija@yahoo.com

 Интернет страница: www.dpm.org.mk

Лице за контакт: М-р Грозда Данова (Претседател на ИО на ДПМ)

Банкарски информации:

ж-с 300000000097715

ЕДБ 403098351368 (ДПМ)

Банка депонеет: Комерцијална Банка - Скопје

Потписник на сметката: М-р Грозда Данова (претседател на ИО на ДПМ)

Наслов на проектот: ,,Децата и младите од Балканот обединето чекорат во Европа,,

Локација на проектот - каде ќе се изведува:

Македонија - (како иницијатор за формирање на Балкански детки и младински парламетн и претседавач во првата година од неговото постоење), а потоа континуирано превземање на претседавачката функција од страна на другите држави од Балканот, што значи продолжување на реализација на проектот во другите држави.

Име на партнерите:

- Директни партнери: Детски парламент на Македонија (вклучувајќи ги сите 43 детски парламенти во градовите низ Македонија и 7те во Скопје) и сите Детски парламенти од Балканските држави (преку формираниот Балкасни детски и младински парламент со седиште во Скопје - Македонија во првата година од неговото создавање и функционирање).

Индиректни партнери: други младински невладини организации (НВО-ии) преку партнерството за соработка од Балканот и Македонија, како и младински НВО-ии од поканетите и заинтересираните земји од Европа со статус на посматрачи и консултанти.

Придружни партнери и помагачи: медиумите од балканските држави кои работат на локално ,национално и меѓународно ниво, потоа бизнис секторот и меѓународните институции, фондации и организации, како и државните органи и тела на власта во балканските држави.

Контакт информации - со личноста за реализација на проектот:

М-р Грозда Данова

++ 389 (0)70 599 120

++ 389 (0)2 3163 749

sk_simka@yahoo.com

Временска рамка:

- Октомври 2004 Декември 2005г. (како почетна, со цел понатамошна континуирана работа за балкаското единство на децата и младите проследено со низа активности и манифестации) - примопредавање на претседавачката функција.

Буџет: _____________________________ ЕУР

 

Генерален опис:

Сите балкански држави тежнеат кон обединување со цел соработка на сите полиња за подобар и посодржаен живот на сите народи од балканот. Тоа се и стремежите и на децата и младите од Балканот кои што чекорат брзо преку таквата соработка во состав на Европската Унија (ЕУ), со сите деца и млади од Европа. Ваквите активности и манифестации како целовит Балкански детски и младински парламент ќе ги стави децата и младите во состојба да ја почуствуваат важноста од секој личен и колективен придонес за овој процес дека е не само битен туку и неопходен.

 

Заинтересирани страни:

БДМП, што подрзбира сите деца и млади (како директни корисници и целни групи) од Балканот вклучени во овој БДМП, како носители на проектот, со заедничка поддршка од други НВО-ии (преку партнерство за соработка). Тоа значи директно вклучување на сите ученици од основните и средните училишта, нивните професори, родители, вклучувајќи ги и медиумите како фактор за афирмација на проектот.

Сето ова ќе се направи се со цел да биде поцеловито претставувањето на обединувањето на балканските деца и млади во процесите за нивното европско вклучување (во Европа).

Целни групи:

Децата и младите од детките парлементи низ градовите и Балканот преку нив и масовно вклучување на сите деца и млади, професори и родители од основните и средните училишта, како и други заинтересирани НВО-ии преку Партнерството за соработка.

Накратко целта, пристапот и клучните активности:

Целта е да се даде можност за побогато, посодржинско и поцеловито запознавање со балканските култури и нивната важност и значење во процесот на обединувањето на балканските деца и млади за живот во Европа. Поцелосно запознавање со демократските процеси помеѓу младите со цел изграадба на демократската култура, а со тоа европската демократска култура, односно изградба на свест за европскота демократско интегрирање за целовита Европа.

Пристапот ќе биде што е можно поразновиден, побогат со идеи, активности и манифестации за да се постигне евроинтегрирачкиот процес да биде што поцеловит. Иработувајќи ги: ЕВРОПСКИОТ БУКВАР и ЕВРОПСКАТА ЧИТАНКА, организирајќи многу активности, како што се: одржување трибини, квизови, тематски конференции и советувања, едукативни школи, свечености, конференции, кампови со каравани на пријателството, наградни конкурси, балкански весник за деца и млади, самити, симпозиуми, конгреси, целосно медиумско претставување и телевизиска серија за балканските деца и млади (видео лента), собири и интернет страна за БДМП и разни актуелни изданија и пропаганден материјал, медиумско претставување.

Оттаму главната цел на на овој проект е да создаде кај децата и младите па и кај граѓаните трајна определба за интеграција на Македонските деца и млади, а особено балканските деца и млади во ЕУ, со европските деца и млади.

Оттука мотивот е поцеловит - децата и младите од Европа се само деца и млади на ЕУ, а пошироко - децата од целиот СВЕТ се само деца и млади на СВЕТОТ.

Генерална цел:

Преку балканското обединување на децата и младите да се постигне крајната цел - глобална цел, за глобализација на Европа, а со тоа и глобално обединување на децата и младите од Европа. Тоа ја вклучува идејата за целовит европски третман на децата од Европа, без разлика дали се од помали или поголеми држави, побогати или посиромашни, понапредни или послабо што напредуваат во демократското оформување.

Да се постигне генералната цел неопходно е да се има придружни цели и задачи:

Подетално распознавање и изградување на процесот на балканското обединување, а со тоа и евроинтеграцијата (од аспект на деца и млади и возрасни), односно како да се изградува европската демократска свест, а со тоа и европска демократска култура, каде секој индивидуален и колективен придеонес е мошне неопходен и многу важен.

Воспоставување на балкаснка комуникација, директно преку интернет или електронска пошта со сите членови од БДМП или соодветни НВО-ии.

Организирање на разновидни активности и манифестации, советувања, свечености, школи, собири, симпозиуми, самити, конгреси и други активности и манифестации.

Воспоставување на постојани релации за балканско дружење (што ќе придоне за европско дружење) што подразбира другарување и соработка помеѓу сите деца и млади од Балканот. При тоа манифестирајќи го мирот како единствена алтернатива за живот проследен со љубов помеѓу децата и младите како најквалитетен начин за рамена на сите видови постоечки култури, изградувајќи ја притоа КУЛТУРАТА НА МИРОТ.

Приближување на ставовите за изградба на заеднички балкански ставови (а со тоа и европски) за заеднички живот во мир и разбирање. Мирен живот исполнет со соработка на сите полињна, разменувајќи ги меѓусебно сите искуства од работата, разменувајќи ги разните поединечни проекти, весници списанија, книги и други пропагандни плурални изданија, што ќе биде спојка за заеднички живот во мир и љубов за сите даца и млади.

Изнаоѓање на поразновидни форми и содржини за СОРАБОТКА, каде ќе дефинираат вредностите на децата и младите - трудот, талентот, иноваторството, научниот резон, резонот да се живее во свет без наслство, без војни и омрази, во живот без конфликти и раздор, исполнети со мир, љубов и соработка.

Оправданост за потребата од проектот и изборот на целните групи:

Оправданоста на овој проект е од големата улога што треба да ја одигра во процесот на балканското обединување на децата и младите, а со тоа и европското, што ќе придонесе за балканска свест за мирно живеење исполнето со богата соработка преку најразновидни облици на дружење, дефинирање на идеи за творештво и соработка.

Изборот на целните групи уште повеќе ја подвлекува оправданоста на проектот, ако се има предвид дека ги опфаќа во прв ред децата и младите БДМП, а преку нив сета популација на деца и млади и од основните и средни училишта.

Рамка на проктот и активности:

Подготвителна фаза

Со цел проектот да профункционира уште од својот почеток направени се следните фази. Во подготвителниот период ќе се формира тим за изведба на проектот, а тоа значи избор на луѓе-соработници за проектот да биде успешно изведен, нивна обука преку договорни состаноци. Посебно внимание ќе биде посветено за МЕДИУМСКОТО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ПРОЕКТОТ, вклучувајќи ја и интернет страницата.

ПРВА ФАЗА

ОКТОМВРИ 2004

На 29 и 30 октомври 2004г. Ќе се одржи ПРВИОТ БАЛКАНСКИ И ДЕТСКИ И МЛАДИНСКИ КОНГРЕС со цел успешно формирање за работа на БАЛКАНСКИОТ ДЕТСКИ И МЛАДИНСКИ ПАРЛАМЕНТ(БДМП).

Место на одржување: Дом на АРМИЈАТА - Скопје, под покровителство на Претседателот на Р. Македонија Бранко Црвенковски.

Покани ќе бидат испратени до држави од Европа како гости, а потоа ќе бидат повикани и за поддржувачи, т.е посматрачи, афирмирачи и промотори на оваа здружена форма за децата и младите од Балканот.

Конгресот ќе се изведе во три дела:

ПРВ ДЕЛ - СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА КОНГРЕСОТ 29 октомври 2004г. од покровителот на Конгресот Претседателот на РМ, г-ин Бранко Црвенковски. Потоа ќе следи богата приредба во исполнение на оркестарот при СБМУЦ "Илија Николовски -Луј", естрадни уметници, со дефиле на младоста на сцена и изведба на "Сонетниот венец" - членови на ДПМ.

На Конгресот ќе бидат поделени ТРИ ФЛАЕРИ за: Европската Унија со Европската комисија и Советот на Европа; за Република Македонија и за Детскиот парламент на Македонија.

Симулациона седница на ДПМ пред учесниците на Конгресот ,,Гласот на децата и младите од говорницата на Собранието на Република Македонија,,

ВТОР ДЕЛ - 30 октомври 2004 г. РАБОТНИОТ ДЕЛ ќе го отвори министерот за надворешни работи Д-р Илинка Митрева, а ќе содржи воведни излагања за формирање на балкански детски и младински парламент, усвојување на деловникот и статутот за работа, предавања за Европската унија и Советот на Европа од нивни претставници. Дискусија по излагањето од присутните делегати на Конгресот, со цел запознавање на активностите и манифестациите од балканските држави за развојот на демократијата и имплементацијата на детските права и нивното вклучување во Европската унија.

Децата и младите, учесници на Конгресот на свеченото отворање ќе бидат облечени во маици и беџови со симболите на ДПМ и БДМП.

За целокупниот тек на Конгресот ќе биде направена програма.

Донесување на Програма за работа на БДМП за периодот октомври 2004г.-декември 2005г. , со учество на сите деца и млади од БДМП.

Декларација што ќе се усвои како заклучок од воведните излагања и дискусиите предлози за усвојување на Декларацијата.

Потпишување на ПАРТНЕРСТВО ЗА СОРАБОТКА ЗА БДМП.

Насловните теми за работниот дел:

,,Балканско детско и младинско обединување, предизвик и пример за нашата заедничка идннина во Европа,,

,,Искуствата во балканските држави на полето за работа со демократијата,,

,,Негативните влијанија врз детската личност (експлоатација на трудот, манипулација на децата во партиски и политички цели, малолетничката деликвенција и криминалитетот кај нив, малолетничка проституцијата со аспекти на бело робје и киднапирање на деца со цел трговија со детски органи и други